вторник, октомври 11, 2005

Холандија - Македонија

Утре на Амстердам Арената со почеток од 19.30 , Македонија и гостува на Холандија.
Факти.Холандија е многу посилна репрезентација од нас,башка и во Скопје успеавме колку-толку да ги задржиме и сега ќе сакаат одмазда.Арно ама,со победата над Чешка во гости ,Холандија си го обезбеди учеството на СП , па утре со нас ќе играат растеретени и нема толку да мислат на резултатот.
Повреди.За Холандија немам појма како стојат со повреди,али за кај нас знам дека Шакири тешко да настапи.
Повратници.Во мечот со Холандија кај нас по двегодишна пауза во националниот тим се враќа Гоце Христов. (ајде Гоце можеш ти...)
Прогноза.Мислам дека ќе дојде до израз индивидуалната мотивација кај нив(холанѓаните) и со некој(некои) излети на ван дер Варт или друг од средината ке не тепаат 2 или 3-1.За нас гол ќе даде Мазнов.(колкав оптимиста сум,а?)Ај да испадне нешто убаво па пак да славиме...

0 Comments:

Post a Comment

<< Home