вторник, октомври 11, 2005

Бидна шо бидна...идеме даље

Се одиграа пред-последните натпревари у квалификациите за СП 2006-та,имаше стварно (некои) чудни резултати(Камерун-Египет 1-1???),некои од фаворитите за пласман на СП излегоа од игра(највише тоа важи за Африка) , некои типци се повредија(Жерард,...Шакири),а некои што е најбитно од се си го обезбедија пласманот на светското.
Стоп сега,кога реков дека имало изненадувања во Африка само помислете на тоа дека во Швабарија 2006-та нема да ги гледаме Камерун,Нигерија , Сенегал и ЈАР ,туку Того(завчерашниот ден е прогласен за национален празник---жими мајка),Ангола,Гана и Брегот на слоновата коска.Ајдеееееееее...
Најсјебана утакмица од сите по мене беше Камерун-Египет.Ја глеав утакмицата на Eurosport и неможам да се начудам од почеток.Камерунцине играа на неискосена трева.Буквално!На пола игралиште-грмушка.Топкана рипа ко на хмммм,гајле немаат црнцине трчаат.Со други зборови помошниот на Турново е боље стадион.
Почнуваат да играат и одма се глеа кој е кој.Чиста работа,100 шанси-1 гол.Камерун на полувреме водеше 1-0 со голот на Дуала во 21 минута.Од тогаш до 78-ма минута направија уште една 15-16 шанси ама не дадоа гол камерунцитеееее.И пази сеа шо се дешава,избацуваат топка камерунците од корна и стига до еден египќанец.Ја враќа у 16 внатре и само еден ја скуцуе у гол со глаа.И крај,Камерун уше толку здивуваат,имаа уште 12 минути за да се пласираат на светско евентуално со победа.Во 80некоја Рејмонд Кала утна од метро пред гол(незнам како) па после Сонг па уште еден...и таман судијава пред да свирне крај,пЕнаЛ за камерун,95 мин.Се мести Кала(мислам) со лева,супер ја шутна али таман за у статива...И смрт...Тоа ти е фудбал,па сеа Того ќе ги глеаме догодина...ФУДБАЛ
И еве ви една слика од камерунската репрезентација,не ја ставам од што се добри,само запазете ја тревата(сува ко слива)

0 Comments:

Post a Comment

<< Home